Клоп: Јунајтед можеби е во малку подобра ситуација, но ние не играме пријателски натпревари

од Vladimir Zorba

Ливерпул пристигна во Тајланд на својот прв претсезонски натпревар против Манчестер Јунајтед, кој ќе се одигра во вторник. Двата тима на аеродромот беа пречекани од стотина навивачи.

„Многу ви благодарам за топлото добредојде. Слушнав многу добри работи за Тајланд и освен натпреварот со нетрпение очекувам да поминам малку време во Бангкок“, беа првите зборови на Јирген Клоп по неговото пристигнување.

Германецот проговори и за натпреварот против Манчестер Јунајтед: „Обично натпреварите ни се најважни, но во овој случај поважни се луѓето. Имаме 37 играчи и мораме да ги искористиме. Момците кои имаа натпревари со репрезентациите летото пристигнаа непосредно пред да тргнеме. Тие не можат многу да играат, но ние ќе се обидеме да ги пуштиме неколку минути“.

„Манчестер Јунајтед има нов менаџер, тренираа малку повеќе од нас. Не сум сигурен, но веројатно се во малку подобра ситуација во моментов. Натпреварот го гледаме како важен тест бидејќи е против Јунајтед, а не сме одиграле пријателски“, додаде Клоп.

Слични содржини