Клоп: Ќе продолжиме да го бркаме Сити како луди

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше задоволен од победата над Астон Вила со 2-1. Со овој успех тимот од Мерсисајд уште еднаш се изедначија на врвот на табелата со Манчестер Сити, но „граѓаните“ имаат и натпревар помалку. Сепак, тренерот изјави дека неговиот тим ќе продолжи како луд да го брка својот голем конкурент во борбата за титулата.

„Покажавме масивен, исклучителен, неверојатен менталитет. Мане постигна одличен гол, навистина импресивен. А потоа моравме да стиснеме заби и да се бориме. Ако моите играчи не беа толку добри како што се, веројатно ќе зборувавме за сосема поинаков резултат. „Класата, менталитетот и карактерот се причината поради која сме таму каде што сме. Не сум изненаден што успеаја да победат, но не го земам здраво за готово. Навистина сум горд на нив, тоа беше голем успех“, изјави Клоп.

„Ќе продолжиме да го бркаме Сити како луди. Не треба да трошиме енергија и да се надеваме дека ќе изгуби. Не, само треба да размислуваме како да победиме и тоа не се променило. Сега мора брзо да се опоравиме за нашиот следен натпревар. Никој нема да ни се смилува“, додаде Германецот.

Слични содржини