Kлоп: Не сум загрижен за резултатот, Симеоне не ја следеше играта, се занимаваше со анимирање на публиката

од Nikola Popovski

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп верува во пласманот на неговиот тим во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Саул ја погоди мрежата на Алисон Бекер во четвртата минута и, како што се испостави, го реши прашањето на победникот.

Мадридскиот клуб имаше голема поддршка од своите фанови, кои неуморно ги бодреа во текот на сите 90 минути.

“(Порака до) навивачите на Атлетико кои ќе дојдат до карта за реваншот … Добредојдовте на Енфилд. Емоциите се важни. Очигледно беа на страната на Атлетико вечерва, но јас со нетрпение го чекам реваншот”, изјави Клоп по натпреварот и продолжи:

“Постојано зборуваме за моќта на Енфилд и моќта што може да ја има еден стадион. И тоа го видовме вечерва. Ова е само едно полувреме и ние губиме со 1-0. Второто полувреме ќе се игра пред нашите навивачи и тие ќе го почувствуваат тоа”.

За целиот натпревар Ливерпул немаше директен шут на гол, што беше прв и единствен пат во ерата на Клоп, од 2015 година.

“Не ме загрижува резултатот. Видов многу среќни фанови на Атлетико, но не е готово. Не сум се уште сигурен што треба да направиме во реваншот. Тие константно одеа на пумпата, а ние игравме со еден резервоар. Не сум сигурен дека Диего Симеоне (тренерот на Атлетико) многу ја следеше играта затоа што постојано ја анимираше публиката “, заклучи Германецот.

Слични содржини