Клоп не верува дека Ливерпул ќе ја освои Лигата на шампионите

од Nikola Popovski

„Единствената причина што го играте ова натпреварување е затоа што сакате да го победите. Но, ние не сме блесави и засега оваа сезона не изгледа како онаа кон која на крајот ќе ја освоиме Лигата на шампионите“, бил искрен Јирген Клоп на прес-конференцијата по мечот со Лајпциг.

Во Премиер лигата, Ливерпул минува низ пекол, но во Лигата на шампионите, се одвива според планот засега. Многу полесно отколку што некој очекуваше, шампионот на Англија на два меча го елиминираше минатогодишниот полуфиналист, Лајпциг, со две победи со идентични резултати (2: 0) и се пласираше меѓу осумте најдобри на Стариот континент.

Сепак, со оглед на сезоната што ја имаше, новинарите го прашаа Јирген Клоп по мечот во Будимпешта дали е лудо да се размислува за освојување на Лигата на шампионите, што, според сите проценки, е единствениот пат на Ливерпул до групната фаза следната сезона.

„Така некако, но единствената причина што го играте ова натпреварување е затоа што сакате да го освоите. Но, ние не летаме во облаци и засега оваа сезона не изгледа како онаа каде на крајот ќе ја освоиме Лигата на шампионите“, Клоп рекол по натпреварот.

Сепак, германскиот тренер забележува дека „црвените“ нема така лесно да се откажат од пехарот.

„Тоа не значи дека не сакаме да стигнеме што подалеку во натпреварувањево. Сега треба да чекаме за ждрепката, ќе биде многу тешко кого и да добиеме, но не мислиме толку далеку. Да бидам искрен, јас дури и не знам кога е ждрепката. Од утре ќе размислуваме за Вулверхемтон“, рекол Клоп.

 

Слични содржини