Клоп: Некој ме мисли дека сум голем идиот

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп направи интересна изјава на адреса на голманот на „црвените“ Лорис Кариус. Германскиот голман ги подобрува настапите под рамката и заработи пофалби од неговиот ментор.

Кариус ја започна сезоната како резерва на Симон Мињоле, но постепено го смени Белгиецот од позиција во стартниот состав на Ливерпул.

„Видете, ако тој не беше добар голман, јас можеби ќе бев најголемиот идиот во фудбалот, ако се обложував на него како стартер. Можеби некои луѓе мислат, дека јас сум идиот, но тој е неверојатно талентиран голман“, прокоментира Клоп по победата со 2:0 над Њукасл во саботата.

„Тој имаше потреба од време и слична ситуација. Имаше потреба од тренинзи со нашиот тренер за голмани и сега игра. Фала му на Бога, тој игра добро. Тааа е ситуацијата. Нема голман во светот, кој не дозволува грешки“, рече уште Јирген Клоп.

Слични содржини