Клоп: Нема шанси да учествуваме во битката за Халанд

од Vladimir Zorba

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека не е загрижен за трансферот на норвешката ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, бидејќи цената на играчот е превисока.

21-годишниот Норвежанец најверојатно ќе ја напушти Борусија на крајот на сезоната, а за неговиот потпис се заинтересирани некои од најголемите тимови во Европа.

Реал Мадрид, Пари Сен Жермен и Манчестер Сити се меѓу кандидатите за Ерлинг Халанд, кој оваа сезона за Борусија Дортмунд постигна 16 гола на 18 натпревари и забележа пет асистенции. Норвежанецот постигна уште три гола на три меча во Лигата на шампионите и четири гола на два меча од турнирот во Купот на Германија, но неколку недели беше надвор од терените поради повреди.

„Не можеме да се вклучиме. Спомнати бројки за вистинско лудило. Нема шанси. И искрено, тоа е нешто што не го сакам. Воопшто не е забавно“, изјави Јирген Клоп за магазинот „Билд“.

Според германските медиуми, целата сума потребна за долгорочен договор со Халанд ќе надмине 300 милиони евра, вклучувајќи ја неговата плата, бонуси за неговиот агент и разни достигнувања за време на неговиот договор.

Слични содржини