Клоп: Ова е неверојатен резултат, ќе пиеме пиво накај дома

од Nikola Popovski

Рекордно високата победа (5:0) на Ливерпул на Олд Трафорд ја прокоментира менаџерот на победничката екипа, Јирген Клоп. Ливерпул со трите гола на Салах и со головите на Џота и Кеита го победи најголемиот ривал и освои нови три бода во трката за титулата.

„Што можам да кажам? Дека го очекував ова? Не очекував. Лудо е тоа што го направивме во последната третина од теренот. Притиснавме високо, освојувавме топки и постигнувавме прекрасни голови. Им кажав на момците на полувремето да играат подобро. Почнавме одлично, а потоа престанавме да играме фудбал. Ја контролиравме играта и по петтиот гол не беше работата да постигнеме уште еден, туку само да го завршиме натпреварот без повреди“, изјави Клоп по натпреварот и продолжи:

„Резултатот е неверојатен. Прашав дали имало такви низ историјата, а играчите со ова влегоа во историските книги. Ова е посебно, но нема да го славиме како луди, го почитуваме противникот. Имавме среќа во неколку пати, а на Јунајтед тоа му недостигаше“.

„Ова е неверојатно, не можам да бидам посреќен по овие 5-0. Тоа е нешто посебно. Се сеќавам на некои натпревари кои ги загубивме, а не требаше да изгубиме. Денес победивме и ќе пиеме пиво на пат кон дома“, заклучи Клоп.

Слични содржини