Клоп повторно е број 1 во Премиер лигата

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп повторно е прогласен за најдобар тренер на сезоната во англиската елита.

54-годишниот германски стручњак ја освои наградата по втор пат во кариерата по 2020 година. Клоп се приклучи на елитниот клуб на тренери избрани повеќе од еднаш на врвот.

Меѓу нив се имињата на Сер Алекс Фергусон (11 пати), Арсен Венгер, Жозе Мурињо и Џозеф Гвардиола (3 пати).

Слични содржини