Клоп сака службена победа доколку дербито повторно биде одложено поради фановите на Јунајтед

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека „црвените“ треба да ги освојат трите бода службено, доколку дербито со Манчестер Јунајтед во понеделник случајно биде одложено поради протестите на навивачите на „црвените ѓаволи“ против сопствениците на клубот.

Во мај 2021 година, дербито беше одложено токму поради ексцеси при ваквите протести.

Во понеделник, повеќе од 10.000 поддржувачи на 20-кратниот шампион се подготвуваат за дополнителни протести пред „Олд Трафорд“ пред дербито против Ливерпул.

„Навистина се надевам дека тоа нема да се случи, но ако се повтори, мислам дека треба да ги освоиме бодовите. Не можеме да направиме ништо ако навивачите на Јунајтед не сакаат да се игра овој натпревар. Не можеме само да го презакажеме дуелот повторно и да се обидеме да го вклопиме во исклучително оптоварен период. Немам поим што може да се случи, но во ваква ситуација другиот тим мора да ги земе бодовите бидејќи нема никаква врска со сето тоа. Ние се подготвивме за натпреварот“, прокоментира Клоп.

Слични содржини