Клоп: Се уште не сме се квалификувале во финалето

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп покажа доза на претпазливост и покрај победата од 2:0 над Виљареал во првата пресметка на двата тима во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тој е задоволен од овој резултат, но изјави дека неговиот тим се уште не се квалификувал и го чека тежок реванш.

„Знаевме дека не треба да се откажеме од потрагата по гол. Во поголемиот дел од натпреварот игравме многу добро и одигравме многу силен натпревар. Се движевме многу добро и знаевме дека мораме да останеме позитивни. Засега се е одлично, но мораме да патуваме во Виљареал и да се обидеме да се пласираме во финалето. Ќе видиме што ќе се случи. Мора да бидеме 100% фокусирани. Водиме со 2-0 и тоа е добро. Нашите шанси се подобри од пред натпреварот, но треба да знаеме дека се уште не сме се пласирале во финалето“, изјави Клоп.

Тој го коментираше и настапот на Садио Мане, кој повторно играше како централен напаѓач и го постигна вториот гол на натпреварот.

„Тој настапува многу добро. Ми се допаѓа како игра во центарот, но може да дејствува и лево и десно. Ми се допаѓа и Диого Жота во центарот, како и Боби Фирмино. Не треба да бидеме толку стандардни“, додаде рече Германецот.

Слични содржини