Клоп удри по Путин и Абрамович, ги поддржа санкциите врз Русија

од Nikola Popovski

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги коментираше санкциите што британската влада ги воведе кон Русите.

Под санкции е и поранешниот тренер на Челзи, Роман Абрамович, а лондонскиот тим е во незгодна позиција.

„Ова не е ситуација во која сите во Челзи се одговорни. Еден човек е одговорен. Владимир Путин. Не сум свесен за улогата на Роман Абрамович во сè, но може да се каже дека е близок со Путин. Британската влада донесе правилна одлука“, рече германскиот стратег.

 

Да потсетиме, британската влада на списокот со санкции стави повеќе од 200 руски државјани, меѓу кои и политичари и бизнисмени, како и споменатиот Абрамович.

Шефот на Челзи имаше намера да го продаде клубот барајќи 4,8 милијарди евра за него, но по замрзнувањето на неговиот имот, тој беше спречен во тоа.

 

Понатамошниот развој на ситуацијата ќе зависи од војната во Украина.

Слични содржини