Клоп: Во изолација станав мајстор за миење садови

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се обидува да го најде вистинскиот начин да го помине времето во изолација.

Неговата идеја било да го стори тоа со готвење, но потфатот не беше успешен.

– Во изолација, правам работи што никогаш не сум ги пробал, па станав мајстор за миење садови, изјави Клоп за официјалната веб-страница на Ливерпул.

– Покрај садовите, се обидувам да зготвам нешто. Јас го направив првото пржено јајце во животот, но мојата сопруга Ула не беше особено импресионирана и ме замоли да не го повторувам, истакна харизматичниот Германец.

– Имам 52 години и не знам како да врзам вратоврска, па следната недела ќе работам напорно и ќе се обидам да ја совладам техниката.

Менаџерот на Ливерпул најде друга добра работа од целата ситуација со изолацијата во куќата.

– Исто така, една од позитивните работи е да пронајдете пријатели од вашите училишни денови. Најдов луѓе на социјалните мрежи што не сум ги чул долго време и моите пријатели се изненадени од тоа колку сум активен, додаде Клоп.

Слични содржини