КЛОП ВО СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Се повреди еден од најдобрите играчи на Ливерпул

од Vladimir Zorba

Стандардниот лев бек на Ливерпул, Енди Робертсон, се повреди на пријателскиот натпревар против Атлетик Билбао.

Сезоната не ни започна, а менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп веќе се соочува со сериозен проблем, бидејќи капитенот на Шкотска практично е незаменлив на таа позиција во тимот.

Се уште не е познато колку долго Робертсон ќе треба да паузира. Само по детални анализи ќе се утврди степенот на повреда.

Да потсетиме, Ливерпул одигра нерешено 1:1 на овој натпревар.

Слични содржини