Клоп: Вториот гол требаше да го постигнеме многу порано

од Aleksandar Petrovski

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакна дека не може да објасни како неговиот тим примил три гола во вториот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико (2:3).

– По вториот гол, тимот беше забележително уморен. Нозете на играчите беа тешки. Ја снема леснотијата со која игравме во првите 90 минути. Јас ги барам вистинските зборови. Наша главна грешка беше што го постигнавме вториот гол во продолженијата, а не во основниот дел. Игравме убаво во основните 90 минути и тогаш требаше да го решиме мечот. Момците имаа страшен натпревар, но шансите што ги промашивме е невозможно да се објаснат, истакна Клоп.

Во првиот натпревар во Мадрид, Атлетико победи и со 1:0 и со вкупни 4:2 оди во четвртфиналето од елитното фудбалско натпреварување.

Слични содржини