Клубот потврди: Агуеро е нов играч на Барселона

од Nikola Popovski

Серхио Агуеро, сега веќе поранешен играч на Манчестер Сити, е нов играч на Барселона, објави каталонскиот клуб.

Агуеро по десет години го напушти Манчестер Сити и се враќа во Шпанија, каде претходно играше за Атлетико Мадрид.

Тој пристигна во Барселона како слободен агент.

Договорот има клаузула за излез од дури 100.000.000 евра.

Тој го одигра својот последен натпревар во дресот на клубот од Манчестер во финалето од Лигата на шампионите, влегувајќи од клупата, но сепак не успеа да го спречи поразот од Челзи.

Слични содржини