Клучен дефанзивец потпиша нов договор со Милан

од Vladimir Zorba

Централниот дефанзивец на Милан, Фикајо Томори го продолжи договорот со клубот. Англичанецот повторно потпиша до 2027 година, откако имаше многу силна сезона и одигра голема улога во освојувањето на титулата на „росонерите“.

Томори дојде на Сан Сиро на позајмица од Челси на почетокот на 2021 година и брзо се наметна во тимот. Стефано Пиоли смета дека дефанзивецот е еден од неговите најважни играчи и секако е задоволен што долгорочно се врзал за клубот.

Досега Томори добиваше 1,8 милиони евра годишно во Милан, но сега платата сигурно значително ќе му се зголеми.

Се очекува Милан во наредните денови да ги обнови договорите со Сандро Тонали и Пјер Калулу.

Во тек се преговори и со Рафаел Леао.

Слични содржини