Клучна недела за евроинтегративниот процес на земјава

од Vladimir Zorba

Северна Македонија неделава го очекува „зеленото светло“ од Советот на Европа и Европскиот совет за почеток на предпристапните преговори за влез во големото европско семејство.
Повеќе од 28-те земји членки на ЕУ, како и челниците на унијата , досега отворено поддржаа да се трасира патот и за нашата земја и за соседна Албанија.

eu-zname Франција и Бугарија се наши пријатели
Франција е единствената која смета дека „Северна Македонија не ги исполнува потребните услови“ за почеток на преговорите. – се дознава од изворите во Брисел.
Иако германската канцеларка Ангела Меркела на вчерашната работна средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз требаше да разговараат за ова прашање, односно Меркел да го убеди Макрон „да попушти“ нема официјални информации за тоа дали на средбата е постигнат прогрес во наша полза.

Ставот на Емануел Макрон е изолиран, бидејќи неодамна четворицата први луѓе на европските институции повикаа во заедничко писмо за започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Ова одбивање предизвикува незадоволство кај европските дипломати, кои го обвинија Париз дека ја загрозува стабилноста на Балканот
Отимист е и премиерот Зоран Заев. Тој очекува Софија во име на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, но и Франција како пријателска земја да дадат поддршка на претстојниот Самит на ЕУ.
Тој е дециден дека нема земја која денес е членка на ЕУ или преговара со Унијата, а која направила повеќе од нас за да ја добие заслужената одлука за почеток на преговорите.

nikola dimitrov

Димитров во Брисел на последна тура лобирања
Министерот за надворешни работи Никола Димитров од денеска до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел каде ќе ќе ја искористи можноста пред европските пратеници уште еднаш да ги претстави постигнувањата на Северна Македонија и важноста од носење на одлуката за почеток на пристапните преговори со Европската Унија на претстојните состаноци на Советот на ЕУ и Европскиот Совет.

aleksanar-nikolovski

ВМРО ДПМНЕ со песимистички став
И додека државниот врв со сите сили се труди да го оправда зборот за европска иднина, од опозициската ВМРО ДПМНЕ настапуваат со песимистички прогнози и деструктивна клима во пресрет на историскиот датум.
-Одлуката за датум повторно ќе се префрли за средината на следната година, како што лани се префрли за годинава па гледаме дека се одлага, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето на дневкот на телевизија Алфа.
Според него, не е само Франција таа која блокира, туку тука се и неколку држави од ЕУ.

Ниту албанскиот премиер Еди Рама не е оптимист за она што ќе се случи следната недела во Советот на Европа, каде ќе се дискутира за отпочнување на преговорите на Албанија и Северна Македонија со Европската унија.
-Дали сум оптимист? Не, отсечно одговорил Рама за ирскиот весник „Ајриш Тајмс“, пренесува тиранската телевизија Топ чанел.
-Јас сум оптимист за иднината на земјата(Албанија), но не и за она што ќе се случува идната недела . Ние сме колатерална штета. Кога некаде има бомби и се погодува една градина-ние сме градината,рекол Рама.

mihail-rot-696x363

Рот предупредува дека одбивањето би значело дестабилизација на регионот
Германскиот дипломат Михаел Рот вчера во интервју за Велт предупреди дека повторното одбивање да се започнат преговорите со С. Македонија и Албанија ќе испрати катастрофален сигнал во регионот.
Германската влада апелира до Франција и другите скептични влади во ЕУ да се согласат на почеток на преговорите за членство со овие две држави. – вели тој.

Слични содржини