Клуни очекува трето дете на прагот на седмата деценија

од Stefanija Kuzmanovska

Џорџ Клуни (60) и Амал Клуни наводно повторно ќе станат родители, а според странски извор звучеле како Амел повторно да носи близнаци, пренесува „ОК!“.

„Амал го помина првиот триместар, но нејзиниот стомак веќе почна да се покажува, така што сите ќе ја знаат оваа вест наскоро“, рекол изворот за новинарите.

Славниот пар има четиригодишни близнаци, а според списанието, Џорџ и Амал наводно им ја откриле добрата вест на своите пријатели.

„Тоа е толку возбудливо. Џорџ велеше дека сака повеќе деца“, рекол изворот, додавајќи дека близнаците биле воодушевени што бебето пристигнува.

„Ела молеше да има сестра, така што сите се надеваат на едно девојче. Но, се разбира, и онака ќе бидат среќни, се додека бебињата се здрави“.

Оваа вест беше објавена од сите светски медиуми, а потврда или демант се уште не се појавија.

Слични содржини