Коалиции на основа на моментални интереси може да предизвика промена на „пратеничкиот“ дрес

од Берта Китинска

Менувањето на „партиски дресови“ и креирањето на нови групи во Собранието по седнувањето во пратеничките клупи, не е непознаница во историјата на земјава.

Во деновите по завршувањето на предвремените парламентарни избори се шират многу шпекулации за креирање на парламентарни мнозинства, а македонските партии им треба доволен број пратеници со кои ќе можат да ги „протуркаат“ реформите на патот кон Европа.

Поради малиот број на пратенички места кои ги освоија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кои во комбинација со 15-те пратеници на ДУИ не носат сигурно мнозинство, партиските лидери во изминатиов период се обидуваат да привлечат пратеници од другите групи.

Коалицијата предводена од СДСМ и Беса кои освоија најмногу мандати ги повикаа сите пратеници кои се спремни да ги поддржат како што велат прогресивните политики да се придружат на оваа коалиција. Во дописот до јавноста од Бихаќка и денеска потенцираат

– Сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и меѓународната заедница. Времето на поделбите и ретроградните политики на ВМРО-ДПМНЕ остана во минатото, нема враќање назад кон изолација, опасност и неизвесност, порачаа од партијата.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев од Левица неодамна пак изјави дека на пратеници им се нудат пари за формирање на новото мнозинство, а тоа го потврди лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во интервју за ТВ Сител, Мицкоски рече дека е згрозен од тоа дека им пристапуваат луѓе и им нудат суми од шест и седумцифрени износи во евра.

Во јавноста протече и шпекулација дека лидерот на СДСМ, наводно добил ветување од пет пратеници на ДУИ дека ќе му помогнат да состави Влада без Али Ахмети.

Аналитичарот Исмет Рамадани пак вели дека тоа не значи дека се купуваат пратеници, јас сум убеден дека има пратеници кои во однос на идеолошката определба начинот на тоа како нивните лидери настапуваат со елементи на наци романтизам, национализам па дури и фашизам таквите пратеници нема да го прифатат тоа и најверојатно ќе се приклучат во коалиција која има понапредни перспектива.

– Во овој случај воопшто нема да му биде тешко на Заев да состави влада затоа што дури и ДУИ да влезе во составот ќе мора да се приземји и да не условува, туку преговорите за составот на влада да бидат природни, вели Рамадани.

Аналитичарот Ненад Jовановиќ вели дека СДСМ е најголемиот политички субјект во земјата, и сите политички партии кои се влезени во Собранието, треба да знаат дека местото на граѓаните и државата е во Европа.

-Секоја политичка партија, што не нема да исклучува и дезинтегрира, секоја партија што ќе се бори за своите граѓани да бидат успешни, побогати и просперитетни, СДСМ ќе ги прими како свои коалициони партнери во новата проевропска и прозападна Влада. Премногу страдавме од ВМРО-ДПМНЕ во изминатата декада за денес да си играме постизборни математики. Ќе ме прашате кои се тие вредности за влез во новата Влада на Зоран Заев?Правда и владеење на право; Eкономија и економско зајакнување на граѓаните; EУ интеграции и зацврстување на позициите на Северна Македонија во НАТО.

Оние што се спремни да ги поддржат овие вредности и политики на СДСМ, сигурен сум дека ќе влезат во новата влада на Зоран Заев, коментира Јовановиќ.

За новиот состав на владата Петар Богојески од Македонски концепт вели дека овој пат ќе има пратеници, кои доаѓаат од различни опции и политички убедувања но и дека коалиции на основа на моментални интереси, а не идеолошки убедувања, може да предизвика процес на промена на дрес во парламентот

-Мноштво кандидати за пратеници, сега веќе пратеници, доаѓаат од различни опции и политички убедувања од оние на ВМРО ДПМНЕ или на СДСМ! Коалиции на основа на моментални интереси, а не идеолошки убедувања, може да предизвика процес на промена на дрес во парламент, повторно мотивиран од такви моментални интереси! И тоа е секако до сега “видена работа”. Веројатно ќе ја гледаме и во иднина! За жал беа избрани таков тип на пратеници, кои сега ќе си ги трпиме!, коментира Богојески.

Б.М

Слични содржини