Коалиција „МЕНУВАМЕ“ ја повлече поддршката за Драгана Спасевска од „Учебници и настава мора да има“ заради политичко влијание врз иницијативата

од Vladimir Zorba

Коалицијата МЕНУВАМЕ, заедно со стручниот тим и дел од членовите на координативното тело едногласно отстапија од поддршката кон Драгана Спасевска, креаторот на фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“.

„Поддршката која ја дававме беше со искрена и добронамерна цел, борба против наметнувањето на електронските учебници во образованието. Како постепено движењето земаше замав и се одвиваше во добри насоки, така притисоците и политичките влијанија ги всадија своите политички идеологии. Политичките влијанија кои го окупираа движењето всади интерес кај одредени лица лично да профитираат и си обезбедат подобра сталешка позиција“, се вели во соопштението на Коалицијата.

„Не можевме да си дозволиме и понатаму да го поддржуваме основачот, која во ниту еден момент јасно не се огради од поврзувањата со опозиционата партија. Во ниту еден момент не и се спротистави на министерот Царовска дека членовите на фејсбук групата и истомислениците не се манипулирани од опозиционата партија. Од друга страна, нетранспарентоното, некоординираното, импулсивното и непромисленото однесување на креаторот на групата – Драгана Спасевска придонесе непочитување и угнетување на членовите на координативното тело. Истите се обидоа да ги задржат своите принципи, притоа да и укажат конструктивни забелешки, но беа дрско и безобразно одбиени. Ваквото диктаторско однесување, со позадинско партиската лукративна цел на Драгана Спасевска, нас како Коалиција, заедно со стручниот тим и дел од членовите на координативното тело не натера да кажеме НЕ на дејствувањето на креаторот на фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“, се додава во соопштението.

Слични содржини