Кочоска: Ми забранија да имам увид во сметките и во буџетот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Заменик министерката за финансии, Гордана Кочоска во „Click Plus“ на ТВ 21 изјави дека иако има право и забраниле да има увид во сметките и во буџетот.

„Министерката и самата кажува дека буџетот е во одлична состојба, јас немам пристап до сметките и не можам да знам каква била состојбата“, посочи Кочоска.

Таа додава дека според законот за Влада има рамноправно учество во сите работи на министерството.

Кочоска смета и дека Владата порано требало да разговара со банките за кредитите и помош на граѓаните.

„Владата требаше да поразговара со директорите на банките уште пред да се воведат мерките. Имаме здрав банкарски систем, одлична ликвидност кај банките и требаше сите заедно да поразговараат за тоа како да се надмине ова полесно“, смета Кочоска.

Заменикминистерката смета и дека мерката која ја презентираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не е разбрана добро и дека се шират невистини.

„Во однос на тој предлог што го даде претседателот некако гледам дека во јавноста се шират дезинформации дека парите ќе се повлечеле од пензиските фондови, па луѓето ќе останат без пензии“, додаде Кочоска.

Слични содржини