Кочовска поднела неотповиклива оставка, судењето за „ТНТ“ почнува од почеток

од Vladimir Zorba

Поротничката во случајот „ТНТ“, Лилјана Кочовска, поднела неотповиклива оставка, објави судијата Огнен Ставрев. Во своето објаснување таа навела дека се повлекува од здравствени причини.

По ваквиот развој на настаните, судењето за овој предмет започнува од почеток.

– Добивме известување од поротничката дека дава неотповиклива оставка, бидејќи и истекол мандатот и поради здравствената состојба. Судењето ќе почне од почеток, соопшти Ставрев.

Кочовска минатата недела го извести претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев дека сака да си поднесе оставка поради притисоци, но потоа таа се предомисли откако и беше дадено обезбедување.

На денешното рочиште не присуствуваа ниту обвинетите Трајковски и Најдовска. Како причина одбраната истакна дека тие не добиле покана да присуствуваат на рочиштето. Адвокатот Јовица Страшевски се појави во суднца, иако претходно го извести Судот дека е на годишен одмор.

Во предметот „ТНТ“ обвинети се поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, вработени во Општина Гази Баба, како и поранешен премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.

Слични содржини