Kode61 Birdcage

од Vladimir Zorba

Кен Окујама е јапонски дизајнер кој претходно работел за Pininfarina и бил еден од креаторите на модели како што се Ferrari Enzo и P4/5. Потоа основал своја компанија и досега има претставено интересни креации.

Сега доаѓа најавата за неговиот последен проект, Kode61 Birdcage, кој ќе биде премиерно прикажан на настанот Concorso d’Eleganza Villa d’Este во 2023 година.

Засега нема детали за овој двосед чиј преден дел инаку се карактеризира со многу затегнати и агресивни линии, со LED фарови кои се составен дел од каросеријата. Како што сугерира името Birdcage, Kode61 е инспириран од истоимената серија модели на Maserati произведени од доцните 50-ти и раните 60-ти.

Не е познато кој мотор ќе го придвижува новиот концепт, но некои медиуми сугерираат дека најверојатно Окујама избрал мотор на Ferrari или Maserati за дополнително да го нагласи „италијанското“ во ДНК-то на неговата креација

Слични содржини