Коензимот НАД плус – фактор во плодноста кај жената

од Aleksandar Petrovski

Зголемувањето на нивото на новооткриен коензим кај човечките клетки може да има корисно влијание врз плодноста на жените и да помогне во издвојување на најсоодветните јајце-клетки за ин-витро процедурите, објави електронското списание „Медијакс експрес“.

Стручњаци од Универзитетот во Квинсленд, во Австралија, спроведоа досега најопсежно истражување во оваа област. Според научните сознанија, во последните фази на созревање на човечката јајце-клетка, квалитетот зависи многу од клучниот метаболички коензим наречен никотинамид аденин динуклеотид (НАД плус).

Професорот Хајден Хомер од Центарот за клинички истражувања при Универзитетот објаснува дека НАД плус ги осигурува јајце-клетките да ја задржат својата клеточна структура, но неговите нивоа се намалуваат со возраста на жената.

– Сè повеќе жени се решаваат на ин-витро оплодување за да имаат деца. Околу четири отсто од сите деца родени во Австралија се зачнати со ин-витро, што значи, во просек – едно дете во секое одделение во училиштата во земјата, вели проф. Хомер. 

Слични содржини