Кога ќе се изедначат цените на електричните автомобили и бензинците?

од Vladimir Zorba

Џим Ровал, извршен директор на Volvo Cars, предвиде кога ќе дојде до израмнување на цените помеѓу електричните автомобили и оние што трошат бензин и дизел. Тоа нема да се случи подеднакво меѓу брендовите и нема фиксен датум, но Ровал рече дека за некои брендови, цените би можеле да се изедначат за три години.

Јасно е дека масовното имплементирање на електрични автомобили низ Европа и светот бара пад на цените. Иако на некои пазари растот на продажбата на електрични автомобили е огромен, има и многу доцнења, а дел од продажбата се остварува со високи субвенции. Со оглед на ескалацијата на цените, и вложувањето во намалување на емисијата на штетни гасови, многу е веројатно дека автомобилите со внатрешно согорување ќе се приближат до цените на електричните автомобили, а не обратно, што сите го очекуваа. Ова е многу сериозен проблем на некои пазари бидејќи ќе биде практично невозможно да се добие нов автомобил, велат од „ХАК“.

Меѓу сопствениците на Volvo е еден од главните играчи во кинеската енергетска индустрија и автомобилската индустрија – кинеската групација Geely. Конгломератот произведува голем број електрични марки кои им овозможуваат да комбинираат технологии и системи и да споделуваат компоненти. Ова, се разбира, го прави производството поевтино.

Извршниот директор на Volvo смета дека цената ќе падне бидејќи ќе се зголеми ефикасноста на автомобилот, што ќе овозможи иста автономија со помалите батерии, што треба да ја намали цената на возилото.

Како и да е, на светската сцена нема ништо што може да поттикне потврда на изјавите на Ровал, бидејќи инфлацијата вртоглаво расте, проблемите со снабдувањето се секојдневни, а суровините се уште се дефицитарни или се во рацете на монополистите.

Поверојатно е дека цените на електричните автомобили ќе стагнираат или благо ќе паднат, додека цените на автомобилите на бензин и дизел ќе пораснат, а потоа можеби и ќе се изедначат.

Слични содржини