Кога да се вакцинирате ако сте имале ковид

од Stefanija Kuzmanovska

Ако сте имале ковид 19, можеби се прашувате кога е најдобро време да се вакцинирате. Треба да се земат предвид неколку фактори, според медицинскиот аналитичар на Си-Ен-Ен, д-р Леани Вен.

Утврдувањето на времето на вакцинација станува покомплицирано ако на некој неодамна му е дијагностициран ковид 19 или се заразил со коронавирус помеѓу двете дози.

Важно е да ги следите вашите симптоми ако сте дијагностицирани со ковид 19, вели Вен, лекар за итни случаи и професор по здравствена политика и менаџмент на универзитетот Џорџ Вашингтон.

Треба да бидете сигурни дека сте здрави кога примате вакцина против коронавирус.

Ако минатата година сте прележале ковид, дали треба да се вакцинирате?

Важно е да се прими вакцината и покрај фактот дека сме имале инфекција, рече Вен. Вакцината обезбедува „подобра, подолга и секако подоследна заштита од природниот имунитет“, додаде таа.

„Ние исто така не знаеме колку долго ќе трае заштитата откако ќе се прележи коронавирусот, па затоа сепак треба да се вакцинирате“, вели д-р Вен.

Бидејќи вакцините се нови, научниците не знаат колку трае имунитетот стекнат на таков начин, но „имунитетот се очекува да трае подолго од шест месеци“, според сегашните проекции открива д-р Вен.

Ако неодамна ви дијагностицирале ковид 19, треба ли да се вакцинирате?

Според д-р Вен, не постои одреден број на денови за чекање пред да се прими вакцината. Наместо тоа, луѓето треба да ги следат нивните симптоми и да се грижат да немаат посериозни, како што се треска и грозница.

Тековниот период на изолација по дијагностицирањето на ковид 19 е десет дена по појавата на симптомите, па затоа им препорачува на луѓето да ги следат овие упатства.

„Ако поминале 10 дена, и тие имаат минимални симптоми или немаат никакви симптоми, би било во ред да се прими вакцина во тоа време“, советува д-р Вен.

Што ако ви е дијагностициран ковид 19 помеѓу првата и втората доза на вакцината?

Првата доза на вакцината нуди одредена заштита, но не толку комплетна како две дози, така што постои можност за инфекција со вирусот помеѓу инјекциите.

Ако ви е дијагностициран ковид 19 помеѓу дозите, Вен препорачува да почекате пред да ја земете втората доза додека не се смират симптомите.

„Имунолошкиот систем е веќе активиран и реагира на коронавирусот, така што не ви треба вакцина за додатно да го стимулира во тој момент“, рече д-р Вен.

Важно е да му дадете шанса на вашето тело да се опорави, па затоа е најдобро да почекате додека не се смират симптомите. После тоа, во ред е да ја земете втората доза, вели д-р Вен.

Слични содржини