Кога е тешко, Меркел излегува на сцена: „Брегзит“ бил на работ на бездната, а потоа Канцеларката се вмешала

од Vladimir Zorba

Само пред една недела, трговскиот договор меѓу Велика Британија и Европската унија се чинеше дека е пред колапс. Сепак, таа сага заврши во четвртокот. Се чини дека интервенцијата на германската канцеларка Ангела Меркел „во последен момент“ доведе до избегнување на „Брегзит“ без договор.

– Велика Британија и ЕУ делат заеднички вредности. Ако не постигневме договор, тоа нема да испрати добар сигнал – рече таа минатиот месец.

Лобирањето од Берлин, кое сакаше да обезбеди пристап до петтата по големина економија во светот без царини и квоти, ја натера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен да се фрли во преговори за да избегне хаос, пишува „Дејли мејл“.

Иако лидерите на ЕУ беа загрижени за потенцијалниот хаос што „Брегзит“ ќе го направеше без договор, сите тие инсистираа дека Борис Џонсон треба да преговара само со извршната власт на ЕУ, бидејќи преговорите напредуваа во последната фаза.

Европските бирократи долго време стравуваа дека Велика Британија ќе се обиде да создаде поделби меѓу 27-те земји-членки како начин да добие повеќе отстапки од главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние.

Премиерот Џонсон и шефот на ЕК, Фон дер Лејен одржуваа редовни телефонски разговори за да се надмине ќор-сокакот откако нивниот состанок заврши пред повеќе од две недели без јасен пат до трговски договор.

Фон дер Лејен немилосрдно го турна настрана Барние, кој уживаше широка поддршка од владите на ЕУ, од страв дека нема да постигне договор.

Официјални лица од двата преговарачки тима беа со лошо расположение со недели кога британскиот премиер и францускиот претседател Емануел Макрон дебатираа за тоа како „Брегзит“ ќе влијае на европската рибарска индустрија.

Макрон со недели предупредуваше дека е подготвен да стави вето на секој договор за кој смета дека би бил лош за француските рибари.

Франција изврши притисок врз Европската комисија да објави планови за сценарио без договор што ќе им овозможи на своите рибари ист пристап како досега во британските води.

Преговорите затоа запреа поради европските барања за понатамошен пристап до риболов во британските води по „Брегзит“, но и прашањето до кој степен Велика Британија ќе може да отстапи од „еднаквите услови“ што важат во ЕУ.

Сепак, тогаш германскиот канцелар излезе на сцена и наводно побарал од Фон дер Лејен да преземе иницијатива во преговорите.

На 9 декември, Меркел ја истакна важноста за усогласување на регулативите, велејќи дека ЕУ не може да прифати „нелојална конкуренција“.

– Мора да имаме еднакви услови, не само денес, туку и утре и подоцна – рече таа.

Слични содржини