Недостаток на либидо, лошо оценето сексуално претставување во кревет … Ова се само дел од проблемите во сексот, со кои многу парови се соочуваат. Ретко бараат помош од специјалист, а секој ненавремено решен проблем, води по себе многу други. Во кои случаи е добро да се консултирате со сексолог? Видете во следните редови.726393ef55fc200c1129dacf74ba37f1

Проблеми со ерекцијата
Проблемите со ерекцијата на партнерот не се нешто неважно, што може да го одминете. Ако тој не прима лекови или не страда од физичко заболување, најверојатно еректилната дисфункција се должи на нешто друго. Обрнете внимание на тоа колку често партнерот има еректилни проблеми и колку продолжуваат во времето. Ако ова се случува во текот на неколку недели, секако треба да се консултирате со сексолог.

Слаб сексуален живот
Иако во една стабилна врска сексуалниот живот не би требало да е основниот мотив за вашата среќа, сексот во врската е важен. Незадоволството во спалната соба е причина за појавувањето на други проблеми и општо земено е рецепт за катастрофа во односите. Ако сакате да ја зачувате врската и да ја намалите шансата некој од двајцата да побара задоволство кај друг партнер, најдобро да се советувате со сексолог.

Болен чин
Сексот треба да ви дава задоволство. Ако вие или вашиот партнер чувствувате необична болка за време на сексуален однос, веројатно имате здравствени проблеми.
Советувањето со сексолог ќе ви помогне да ги најдете најдобрите медицински базирани совети, да ве упати на специјалист, да ве извести за техники кои може да се применуваат за да се извлече максимумот во кревет.

Не доаѓате до кулминација
Секој пат ли стигнувате до оргазам за време на секс? Понекогаш се случува да чувствуваме задоволство, но не и да достигнеме до врв. Но, кога тоа е постојано се претвора во проблем. Постојат многу различни причини зошто вие или партнерот не може да завршите. За да доживувате повторно задоволство од сексот, добро е да се консултирате со сексолог.

Мислите дека сте зависник од порното
Гледањето порно е нешто нормално и многу парови додека се забавуваат во љубовната игра сакаат да го прават тоа на позадината на порно филмови. Тие им помагаат на некој начин да го ослободат своето Јас, да дадет поттик на еротските фантазии и да ги споделат со партнерот. Но, во некои случаи гледањето на филмови за возрасни може да се претвори во зависност. Тогаш е подобро да се побара помош од сексолог.

Слични содржини