КОГА ЌЕ РАСКИНЕТЕ СО ОВИЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ, веќе нема назад!

од Vladimir Zorba

Секое раскинување е тешко, но ако раскинете со некој од горенаведените знаци, не обидувајте се да побарате прошка

Шкорпија

Верувај ми, не сакате да налутите личност родена во овој знак. Шкорпија не се двоуми да оди до крај кога е во прашање одмазда, а ако нивната страст е сè уште распламтена, може да бидат крајно злобни. Што е дури и пострашно од сè, вие дури и не знаете што е проблемот. Само што ќепомислите дека сте во прекрасна и романтична врска, и неиспровоцирани од ништо, одеднаш ќе направат нешто толку сурово, што целиот свет ќе ви се сврти. Многу е можно проблемот да датира од пред еден месец или повеќе и дека никогаш не сте ја забележале грешката. Шкорпијата само ги чекала своите пет минути.

Бик

Една од доблестите, но и една од неговите најлоши особини е упорноста. Што наумил Бикот, тешко дека некој ќе го спречи. Ако сте ја нарушиле неговата доверба на кој било начин, подобро сами собирате си ги работите и исчезнете. Не обидувајте се да го молите и не се надевајте. Не чекајте тој да го надмине тоа, бидејќи НЕМА! Во овие квалитети тие се многу слични на Шкорпијата. Ќе почека додека не го заборавите, а потоа ќе ја сервира одмаздата ладна, но многу болно.

Овен

Со овој знак, работите се многу поедноставни, но не помалку болни. Ако повредите Овен, тие ќе ве повредат, заборавајќи ве многу лесно како никогаш да не сте постоеле. Тој брзо ќе најде замена далеку подобра и поубава од вас. Не обидувајте се да испровоцирате сожалување, ќе станете жртва и предмет на негово гадење. Тие едноставно немаат сочувство кон оние што ги повредиле.

Слични содржини