Кога ќе заврши сето ова? Веројатно не постои друго прашање во ова време, кое е повеќе поставено од луѓето ширум светот.
Сепак, новата студија од Италија е охрабрувачка. Научниците пресметале кога епидемијата би можела да заврши.
Добрата вест е што дијаграмите повеќе не означуваат експоненцијално ширење на заразата во Италија.
Иако Италија сè уште бележи најголем број жртви од вирусот САРС-КОВ-2 (околу 13.155 лица починати), добра вест е дека кривите на дијаграмите повеќе не покажуваат експоненцијално ширење.
– Кривата што покажува ширење на инфекцијата продолжува да расте, но линеарно и рамномерно – вели Пјерпаоло Силер, заменик министер за здравство на Италија.
Ова укажува на тоа дека земјата веќе го достигнала врвот на епидемијата или барем е неминовна.
Научниците од Институтот за економија и финансии „Еинауди“, финансиран од Банката на Италија, секојдневно ги анализирале податоците што ги добиваат од Службата за цивилна заштита и врз основа на тоа тие го пресметале идниот развој на епидемијата. Според информациите на веб-страницата „Квотиџано“, нивните пресметки покажуваат дека пикот на епидемијата се очекува да биде на почетокот од април. И после тоа вирусот ќе се пренесува, но секој ден се помалку и помалку. Бидејќи заразата се развивала различно во различни области, научниците пресметале за секоја од нив кога веројатно нема да има нови потврдени случаи.
Според пресметките на научниците, епидемијата на коронавирусот најпрво ќе престане во Тренто, Јужен Тирол: 6 април е датумот што го наведуваат како прв ден без нови инфекции. Во Лигурија, Умбрија и Базилика еден ден подоцна, на 7 април, проследени со долината Аоста (8 април) и Абруко (11 април), неколку дена подоцна (14 април) Сицилија и Венето и Пиемонт на 15 април. По нив следуваат Лацио со главниот град Рим (16 април), Калабрија (17 април) и Кампанија (20 април).
Најтешко погодената Ломбардија може да очекува епидемијата да заврши на 22 април, пренесува „Штерн“, а Емилија Ромања, второто најпогодено жариште, во северна Италија, на 28 април. Другите делови на земјата меѓу 5 и 16 мај.
Според ова, Италија најтешко би требала да го предброди периодот на средината на мај, под услов луѓето да продолжат да се придржуваат кон ограничувањата на движењето.