Кога „Не“ за водење љубов е конечен одговор?

од desk2

 

Понекогаш место уживање и исполнетост по сексот може да осетиме разочараност и потиштеност. За да не се најдете во таква ситуација еве три ситуации во кои не треба да се впуштате во водење љубов.

Секс на сила
Ако имате секс само за да ја исполните желбата на партнерот или да ја извршите својата браќна должност, тоа е потполно погрешен пристап за секс и во него сигурно нема да има уживање. Слободно кажете дека не сте расположени и не очајувајте поради тоа. Ќе дојде момент за акција.Од друга стрсна, секс на брзина е идеален во момент на страст, но не и во момент кога тоа го правите само за да го одработите.

Секс во момент кога сакате да правите нешто друго

Кога не сте сконцентрирани на уживање, туку мислите ви лутаат некаде на друго место, избегнувајте таков секс! Ако ве мачат грижи или едноставно имате други работи на памет, поарно не влегувајте во сексуален однос, затоа што вашите чувства и мозко во тој момент не се на иста бранова должина, па уживањето ќе изостане.

Секс со погрешна личност

Ако не сте во врска и барате авантура, не земајте го сексот „здраво за готово“. Кога ќе се најдете во таква ситуација, прво размислете дали за таа врела ноќ другиот ден ќе зажалите. Таков секс често е под влијание на алкохол.Ако се заинтересирате за некој непознат во ноќнаавантура, добар пријател или дури и сопствениот шеф, добро размислете дали тоа се исплаќа или не.

Слични содржини