Кои хороскопски знаци ги очекува одлична недела?

од Vladimir Zorba

ВЛАДЕЕЊЕТО НА СТРЕЛЕЦОТ е во полн ек, но оваа недела има промени на небото.

Меркур и Венера ќе влезат во воздржаниот и трезен Јарец кој ќе ги нагласи практичните теми, додека спонтаноста и разиграноста ќе паднат во втор план.

Овие знаци сепак ги очекува одлична недела:

Бик

По напорниот период зад нив, сонцето конечно ќе го огрее Бикот. Зголемувањето на енергијата и концентрацијата ќе им го олеснат исполнувањето на обврските, а многумина ќе почнат да заработуваат подобро. Одлично време е за учење и полагање испити, како и за планирање на патувањето. Викендот им носи шанса на паровите да го запалат огнот во спалната соба.

Лав

Се уште се во поволен период. Ќе бидат полни со самодоверба и оптимизам, а тоа ќе ги поттикне да си поставуваат високи цели. Многумина ќе доживеат деловен успех, а некои ќе прифатат нова работа во желба да напредуваат. Интимниот живот им носи пријатни изненадувања. Ако сте уште се сингл, тоа треба да се промени.

Јарец

Јарците ќе забележат дека полека сè се врти во нивна корист, особено на полето на работата и образованието. Ќе бидат брзи и ефикасни, а одличните резултати ќе им донесат пофалби и награди. За време на викендот желбата за возбуда им расте, па нема да жалат за излегувањето. Покрај незаборавна забава, ги очекува и возбудлива средба. Паровите успешно ќе ги надминат разликите.

Слични содржини