Кои намирници се познати како здрави, а всушност можат да го покачат притисокот?

од Stefanija Kuzmanovska

Доколку некој страда од висок притисок обично му се советува да не јаде мрсна и пржена храна, но при тоа на списокот ги нема некои од следните видови продукти, пренесоа странски медиуми.

Хипертензијата е заболување од кое страдаат сè повеќе луѓе. Диета и посебна исхрана често им се препорачуваат за да се држи под контрола заболувањето, но чест случај е тие да се на диета која не вклчува пржена, солена и мрсна храна. Стручњаците предупредуваат дека тоа не е доволно и хипертензијата може да се влоши со користење продукти кои се познати како здрави. Ова се некои од нив:

Грав
Конзервираниот грав содржи многу натриум и докажано го покачува притисокот. Ако го користите, задолжително измијте го под млаз ладна вода, за да исфрлите дел од штетнит состојки. Истото се однесува и за свеж грав и слични продукти. Најдобро е пред подоготовка да ги оставите да стојат во свежа вода.

Грејпфрут
Иако е општо прифатено мислењето дедка овошјето е многу добро за здравјето, тоа не е секогаш случај. Грејпфрутот е поврзан со зголемување на крвниот притиок, па на луѓето кои страдаат од оваа болест им се советува да го избегнуваат. Имено ова овошје предизвикува несакани реакции, ако се консумира истовремено со многу лекови, особено оние за намалување на притисокот.

Сосови
Сосовите содржат комбинација од соли и шеќери, а тоа е погубно за луѓето кои страдаат од висок притисок. Кога се прават домашни сосови, треба да избегнувате комбинирање на сол и шеќер, исто така да не претерувате со зачини, кечап и мајонез.

Бисквити
Иако се верува дека бисквитите се преполни со шеќери, тие можат да содржат и дополнитени количини сол. Веќе спомнавме дека таа комбинација е лоша за луѓето кои страдаат од хипертензија. Кога купувате бисквити, гледајте во составот и бирајте ги оние со помала количина сол и шеќер.

Слични содржини