Кои особини треба да ги барате кај партнерот, но и вие треба да ги поседувате

Во потрагата за идеалниот партнер треба да ги барате овие две особини: љубезност и почитување, така тврдат психолозите.

Верен, весел, духовит, драг, симпатичен, добар готвач, добар пријател, омилен во друштвото, добар глас, спретен, активен, емпатичен … сите овие особини често се спомнуваат на листата особини кои жените ги сакаат кај нивниот партнер.

Секој си ја замислува сликата на идеален партнер на свој начин и им дава предност на некои сообини пред другите.

„Тоа не значи дека нема место за негативности бидејќи истражувањата јасно докажале дека без љубезност врската не може да опстане. Љубезноста е она што не грее дури и кога се околу нас ќе се заледи“, истакнува психологот Дуан Велч.

На љубезните луѓе не им треба причина да бидат љубезни и не ги користат лошите времиња и искуства како изговор да бидат љубезни. Љубезноста е дел од нивниот морален кодекс, нивните карактеристики, а не одраз на тоа дали во текот на денот се чувствуваат убаво или се посреќни од вообичаеното. Ним љубезноста им е начин на живот. Избегнуваат лоши мисли и да шират лошо расположение дури и кога не се согласуваат со луѓето во нивното опкружување.

Според истражувањата љубезноста покажува зрелост и самоконтрола без која нема успешна врска и задоволувачки однос.

„Почитувањето може да направи и нахрани љубов и таму каде што ја нема, а непријатниот карактер може да го убие и најромантичното чувство“, рекол др. Велч.

Тој препорачува да барате партнер кој е љубезен кон сите, не само кон вас, иако чувството дека сте посебни е убаво.

Од начинот на кој зборуваат за другите, поранешни партнери и колеги, можете да научите со каква личност сте и како утре би можела да зборува за вас. Нивните постапки кој луѓето околу вас ќе ви покажат колку ги почитува и колку е подготвен да помогне. Така ќе добиете најдобра слика за тоа како вашиот однос би можел да изгледа.

Слични содржини