Кои познати личности ја изгубиле невиноста дури откако стапиле во брак?

од Nikola Popovski

Иако сексапилот е одговорен за добар дел од нивната популарност, овие славни sвезди се воделе според традиционалните принципи и се горди што ја изгубиле невиноста дури откако стапиле во брак.

Сексуалната невиност во многу религии се толкува како основа на моралната чистота, па затоа советот е да останете невини до брак, а сексот како таков треба да се „спроведе“ во првата брачна ноќ.

Во модерно време, тоа е сè поретка појава, а според студиите, помалку од седум проценти од луѓето ја практикуваат денес. Кога станува збор за познати личности, тоа е скоро ендемичен феномен, бидејќи пороците, вклучително и хедонистичкото уживање во сексот, се истакнуваат како една од најважните состојки на животот на „славните“.

Сепак, се чини дека некои се спротивставиле на сексуалните задоволства и го граделе статусот ѕвезда врз статусот на девица.

Меѓу ѕвездите кои ја зачувале невиноста до бракот се: водителката Кети Ли Гифорд (67), која во 1992 година призна дека е последната холивудска девица, музичарот Кевин Џонас (32), пејачката Џесика Симпсон (40), манекенката Адријана Лима 39), која го шокираше светот признавајќи дека била девица до пристапувањето во брак.

Покрај нив, во овој круг на познати личности се  и Џејмс (37), пејачката Кери Андервуд (37), актерката Сара Дро (39), манекенката Кантри Стоден (26) и бејзбол играчот Тим ​​Тебу (33).

Слични содржини