Кои раси кучиња се најинтилегентни?

од Vladimir Zorba

И кучињата имаат интелект – некои се повеќе имуни на командите, а други ги учат веднаш. Психологот Стенли Корен, кој се занимава со интелигенцијата кај кучињата, во 90-тите години напиша дека има адаптивна интелигенција (т.е. откривање за што станува збор, на пример), работна (да следи наредби) и инстинктивна (вроден талент).

Франс де Вол, бихејвиорист, тврди дека луѓето имаат навика да ја гледаат интелигенцијата на животното на прилично ограничен и неправеден начин.

Истражувачите на кучешка интелигенција објавија податоци за тоа која раса на животно е меѓу најподложните на обука, и кои видови воопшто не се подготвени да бидат тренирани.

Во својата книга „The Intelligence of Dogs“, Коран ги објави резултатите од долгогодишно истражување засновано врз 199 судии по кучешко однесување.

Во првиот дел од книгата се наведени раси на кучиња кои учат новите команди по помалку од 5 покажувања и почитуваат 95% од случаите кога сопственикот тоа го побарал. Прво доаѓа бордер коли, следен од пудлицата, германскиот овчар, златниот ретривер, доберман, шкотскиот овчар, лабрадор и австралиското овчарско куче.

На дното на рангот, кучињата кои се најмалку ефикасни во меморирањето и извршувањето на командите, на прво место е рангирано ши тцу, а потоа следат басетот, бигл, мастиф, пекинезер, чау-чау и нај на последното место е авганистанскиот грејхунд. Тоа би научило нов трик по повеќе од 100 повторувања, а во само 30% од случаите, во кои нејзиниот сопственик би ја замолил да направи трик, би го исполнило.

Како заклучок, истражувачите забележуваат дека некои од најпаметните кучиња се нерасните, кои честопати живеат на улиците затоа што тие се мешавина од многу раси, а природниот тек на природата ги натерало да ги земат од своите предци најсилните црти за опстанок, затоа и нивниот ментален капацитет е огромен и лесни се за обука.

Слични содржини