Кои се 4-те посебни барања на Меган и Хари за интервјуто со Опра Винфри?

од Nikola Popovski

Принцот Хари и Меган Маркл направија список од четири правила за кои не може да се преговара во врска со нивното интервју со Опра Винфри.

Војводата и војвотката од Сасекс побарале од ТВ-мрежите ширум светот да го прикажат интервјуто во целост за време на преносот и да не го „уредуваат“ на кој било начин, пишува „The Australian“.

Покрај тоа, на мрежите им е забрането да уредуваат реклами снимени за промоција на интервјуто.

Третото барање наведувало дека каналите што го емитуваат интервјуто не смеат да уредуваат ништо поврзано со интервјуто, дури ни во смисла на синопси за телевизиски најави и соопштенија. Четвртото и последно правило барало презентерите на ТВ мрежата да користат само претходно доставени и одобрени слики за промовирање на интервјуто.

Околу 17,1 милиони Американци го гледале телевизиското интервју на Опра Винфри со принцот Хари и неговата сопруга Меган, објави во понеделникот Си-Би-Ес.

Првото големо интервју на Меган и Хари

Неделното интервју беше првото големо интервју на двојката откако се преселија од Велика Британија и ги напуштија кралските должности. Меган зборувала за самоубиствените мисли за време на бременоста, а Хари рекол дека бил предаден од неговиот татко, принцот Чарлс.

Меган исто така изјави дека членовите на кралското семејство биле загрижени за бојата на кожата на нивниот син Арчи пред неговото раѓање, како и дека Бакингемската палата одбила заштита на детето.

Слични содржини