Кои се најпродаваните електрични автомобили?

од Vladimir Zorba

Во првите девет месеци од 2022 година, продажбата на електрични автомобили во светот достигна 6,8 милиони единици и продолжува да расте на главните пазари. Според податоците кои ги објави консултантската компанија „Иновев“, американскиот производител Tesla е апсолутен лидер со удел од 21 отсто на светскиот автомобилски пазар. На второ место е кинескиот автомобилски концерн BYD (11%), а на трето е американската групација GM (9%).

Во август, електричните автомобили веќе претставуваа 11% од светскиот пазар, според Revija HAK.

Во првите десет по продажба меѓу производителите на електрични автомобили, првата европска групација VW е едвај на четвртото место, која годинава успеа да освои 7% од пазарот. По нив следат Hyundai/Kia (5%), кинеската групација Geely (4%), Renault-Nissan-Mitsubishi (4%), кинеските брендови Chery (4%) и GAC (4%) и мултинационалната групација Stellantis (3%).

Други европски брендови кои се појавуваат во рангирањето се BMW (3%) на 12-то место и Mercedes (2%) на 15-то место.

Слични содржини