Кои се најчудните спортови на Олимписките игри во Токио?

од Nikola Popovski

Олимписките игри во Токио ќе им донесат на гледачите крај малите екрани можност за првпат да сретнат некои многу интересни спортови.

Голем број на чудни спортови поминаа низ историјата на Олимписките игри од оваа перспектива, како што се влечење јаже и пукање на живи гулаби. Нивното време помина, но љубителите на спортот ќе можат да гледаат некои од најневообичаените спортови за нашата област и во Токио.

Скејтбординг

Кога станува збор за возење скејтборд, ретко на некого ќе му падне на памет дека токму оваа вештина може еден ден да донесе златен медал од Олимписките игри. Оваа дисциплина за првпат е вклучена во програмата на Олимписките игри, а натпреварот ќе биде поделен на два дела – парк и улично возење во машка и женска конкуренција.

Датумите кога ќе се одржат натпреварите се 25 и 26 јули, кога се закажани улични возења и 4 и 5 август, кога натпреварот ќе се одржи во паркот.

Сурфање

Друг спорт кој ќе дебитира во Токио. На тој начин, сурфањето ќе добие можност да се запознае со пошироката публика со својот начин на функционирање. 20 мажи и жени ќе се борат за олимпиското злато на плажата Шидашита, оддалечена околу 65 километри од Токио, а датумите кога ќе се одржи зависи од временските услови. Сепак, освен ако нема некои непредвидени околности, натпреварот за сурфање ќе се одржи помеѓу 25 јули и 1 август, во период од четири дена.

Модерен петобој

Комбинацијата од пет различни дисциплини – пукање со пушка, мечување, пливање, препонско јавање и трчање – е еден од најневообичаените спортови со години, но и најзабавен за гледање на Олимписките игри, бидејќи дава навистина ретка можност за пошироката јавност да ужива во ремек-дела. Натпреварот во петобој ќе се одржи од 5 до 7 август.

Бејзбол

Тимски спорт кој е еден од најпопуларните во САД, бејзболот е на олимписката програма за прв пат, а скоро сигурно за последен пат, бидејќи не е на списокот со спортови за 2024 година. Јапонија, Мексико, Доминиканската Република, Израел, Јужна Кореја и САД ќе се натпреваруваат за олимпиското злато. Селекцијата на САД е голем фаворит, а првиот натпревар е закажан за 28 јули, додека мечот за златото ќе се одржи на 7 август.

Софтбол

Исто како бејзбол, софтболот нема да се врати за три години, но ќе остане напишано дека натпреварот на Олимписките игри во Токио го отвори токму овој спорт. Групната фаза ќе се одржи од 21 до 26 јули, во која ќе учествуваат Австралија, Канада, Италија, Јапонија, Мексико и САД. Двете најдобри екипи од групната фаза ќе се борат за злато, додека третата и четвртата ќе играат меч за бронзен медал.

Фото:© Ben Thouard

Слични содржини