Кои се најдобрите евтини смартфони?

од desk2

Како што технологијата напредува, така станува и поевтина. Доказ за ова тврдење се огромниот број смартфони кои можат да се најдат по евтини цени, а кои имаат перформанси какви што можевме само да сонуваме пред нешто повеќе од три години.

Порталот Android Central состави кратка листа од смартфони со одлични перформанси, кои можат да се купат за помалку од 300 долари.

Многу уреди влегуваат во оваа класификација на евтини смартфони, посебно ако се земат предвид моделите на кинеските производители, за кои се вели дека имаат најдобра вредност во однос на парите.

Веќе неколку години Motorola е водечко име кога е во прашање сегментот на телефони со средно висока цена, па оваа компанија ја презема првата позиција и на листата на Android Central. Меѓутоа, на неа има уште неколку одлични алтернативи кои вредат повеќе од актуелната цена на пазарот.

Листата изгледа вака:

1 – Motorola Moto G7 – 300 долари

Поседува процесор Snapdragon 632, 4GB RAM, 64GB внатрешна меморија, USB-C приклучок и опција за брзо полнење
2 – Samsung Galaxy A7 – 285 долари

Екран со дијагонала од 6 инчи, 128GB внатрешна меморија за складирање податоци, батерија од 3.300 mAh, стандарден 3,5 mm приклучок за слушалки
3 – Huawei P20 Lite – 255 долари

Одличен дизајн на куќиштето од стакло и метал, со што неодоливо потсетува на флегшип телефоните на најголемите светски компании, надополнет со моќна батерија од 3.000 mAh
4 – Honor 7X – 220 долари

Octa core Kirin 659 процесор, 4GB RAM и батерија од 3.340 mAh
5 – Nokia 6.1 – 219 долари

5,5-инчен 1080p LCD дисплеј, можност за работа на оперативниот систем Android One
6 – Motorola Moto E5 – 123 долари

Супермоќна батерија од 5.000 mAh, која ќе ги задоволи сите ваши потреби и процесор Snapdragon 425 за брзина во работењето.

Слични содржини