Кои се најверојатните кандидати за канцеларскиот пост во Германија?

од Vladimir Zorba

Прашањето со наследникот на Ангела Меркел на канцеларската позиција одамна требаше да биде решено од Демохристијанската унија (ЦДУ). Кога Анегрет Крамп-Каренбауер го освои оспореното гласање за лидерската позиција во партијата во декември 2018 година, таа беше идентификувана како бр.1 кандидат за наследник на Меркел и на позицијата Канцелар, која треба да биде испразнета во 2021 година, пишува „Блумберг“.

Но, во услови на фијаското во Тирингија, каде власта ја освои Алтернатива за Германија поддржана од Томас Кемерих, Крумп-Каренбауер им порача на лидерите на партиите дека има намера да се повлече од раководството на ЦДУ подоцна оваа година.

Меркел пак е непопустлива дека нејзиниот четврти мандат ќе биде последен.

„Блумберг“ фрла преглед врз потенцијалните кандидати за најважната позиција во најсилната економија во Европа:

Армин Лашет

Сојузник на Меркел и застапник за миграциската политика на ЦДУ, Лашет има лидерска позиција во сојузна провинција што беше упориште на социјалдемократите поголемиот дел од времето по Втората светска војна, Северна Рајна-Вестфалија.

Јенс Шпан

Како лидер на десното крило на партијата, Шпан си направи име за себе со нападите против Меркел околу нејзиниот пристап за време на кризата со еврото и приливот на мигранти. Обидот на канцеларката да соработува со него со тоа што го покани во кабинетот во 2018 година, имаше мешани резултати.

Фридрих Мерц

64-годишниот ривал на Меркел сега се смета за аутсајдер. Откако неговата политичка кариера беше засенета од Меркел уште пред таа да стане канцелар, тој повторно се врати на политичката сцена во 2018 година во обид да ја преземе контролата врз партијата, но само за да биде спречен неговиот обид од Крамп-Каренбауер.

Бранител на конзервативното индустриско крило на партијата, Мерц се смета за реликвија на клубот „стари момчиња“. Откако ја загуби лидерската трка во декември 2018 година, тој се врати на својата добро платена работа во германската единица на BlackRock.

Маркус Зодер

Чекор по чекор, поранешниот партиски „разбојник“ Зодер успеа да стане апсолутен лидер во Баварија во 2018 година.

Според анкетата, Зодер е втор најпопуларен политичар во Германија.

За разлика од неговиот претходник во претседателството на Христијанско социјалната унија (ЦСУ), 53-годишниот Зодер е повнимателен во своите критики кон канцеларката. Што се однесува до кандидатурата за наследник на Меркел, Зодер е со тешко предвидлив успех. Само двајца лидери на ЦСУ во историјата по Втората светска војна ја оспорија канцеларската функција, и во двата случаи ја загубија трката.

Слични содржини