Кои се највлијателните модни икони во светот?

од Vladimir Zorba

Сестрите Џенер се на врвот на листата на највлијателни модни икони во светот, пренесува британски „Daily Mail“.

Двете ја престигна војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон во рангирањето.

Листата ја предводи помладата сестра, Кајли која е ријалити sвезда и сопственик на козметички бренд.

Рангирањето го составува OnBuy, врз основа на пребарувања за информации за стилот на sвездите на Интернет.

Максималниот резултат што можат да го добијат е 1.000 поени.

Сестрите Џенер се во водство со 751, односно 607 поени.

Војвотката од Кембриџ Кетрин доби 539 поени.

Единствената друга кралска личност која се најде во првите десет е Меган Маркл, сопругата на принцот Хари. Таа добива 335 поени.

Во топ 10 највлијателни модни икони, според On Buy, се наоѓаат и Џиџи Хадид, Ријана, Ким Кардашијан, Хејли Бибер, Бела Хадид и Бијонсе.

Слични содржини