Кои се петте држави со најголема инфлација на светот?

од Vladimir Zorba

Венецуела е земја со наголема инфлација во свет, а зад неа се Зимбабве и Јужен Судан, пренесува Ворлд економик форум.

Кризата која ја погоди Венецуела влијаеше на скок на инфлацијата, која во април изнесуваше 300.000 отсто. Превирањата кои и натаму се силни укажуваат дека таа со текот на времето се повеќе ќе расте, а ММФ процени дека до крајот на годината стапката на инфлација ќе скокне на 10 милиони отсто.

Стапката на инфлација во Зимбабве е нешто под 176 отсто, но постои можност да се зголеми и повторно да биде висока како во најголемата криза во таа земја пред десет години. Веќе растат цените на основните животни намирници како што се лебот, горивото и лековите.

Зад овие три земји следат Аргентина и Иран.

Втора најголема инфлација во историјата е забележана во некогашна Југославија кога стапката на инфлација била 313 милиони отсто.

Слични содржини