Кои се пратениците кои не гласаа за Законот за управување со отпадот (ФОТО)

од Ивана Рамаданова

Со 62 гласа ЗА, во средата во Собранието на Република Северна Македонија беше изгласан Законот за управување со отпадот, со кој се забранува увозот на отпад кој се користи како извор на енергија.

Интересен детал во листингот на Собраниетое е дека при гласањето на овој закон, присутни биле 102 пратенки, што значи 40 од нив не гласале. Хари Локвенец, Александар Кирацовски, Фросина Ремески, Богдановски Далибор, се дел од пратениците од владеачката гарнитура кои се водат за присутни, а не го дале гласот за овој закон.

Пратеничката Фросина Ременски во изјавата за Локално.мк вели дека поради други собраниски обврски не била присутна на седницата, но дека целосно го поддржува истиот.

„При гласањето за неколку точки заради други собраниски обврски не бев присутна на седницата, што не значи дека сум/бев за донесување на законот. Целосно го поддржувам“, вели Ременски.

Меѓу оние кој не гласале се и независните пратеници на ВМРО ДПМНЕ, Елизабета Канчевска Милевска, Крсто Мукоски, а  овде спажаат и пратениците од Беса, Гром, ДУИ, ВМРО ДПМНЕ.

Ова законско решение дополнително ќе се надгради преку измени и дополнувања по изборите, со новиот собраниски состав.

Измените беа предложени од пратеничките на партијата ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачин, а токму оваа измена беше дел од барањата на граќанската иницијатива „Зелен Фронт“.

„Забраната за увоз на отпад како гориво се изгласа попладнево во Собрание. Ова беше едно од барањата на Зелен фронт за кое континуирано вршевме притисок и лобиравме за да даде плод попладнево. Седницата не беше закажана за денеска, но очигледно претседателот Талат Џафери ја стави на дневен ред попладнево и конечно Собранието ја изгласа законската измена. Од 102 присутни, 62 гласаа за. Продолжуваме понатаму“, објави 02 Иницијативата на „Фејсбук“.

И.Р.

Слични содржини