Кои се протоколите на МОН пред новата учебна година: Преполовени паралелки, скратени часови, наставници кои ќе ја предаваат истата лекција скратено

од Aleksandar Petrovski

Преполовени паралелки,  скратени часови, наставници кои ќе ја предаваат истата лекција скратено, по 20 минути на 2 групи од исто одделение. Ова се само дел од препораките и протоколите на Министерството за образование и наука (МОН) за новата учебна година, објави Телма.

Како што е наведено, одложување на почетокот на учебната година нема да има, па се очекува учениците со маски на лицето и на дистанца да се најдат во училишните клупи на први септември.

– Протоколите за отворање на училиштата се готови, останува да се доконкретизираат некои работи. МОН побара од СОНК да се вклучи со свои препораки и мислења, па очекуваме да добиеме став од нив до четврток, а за од понеделник протоколите да можат да бидат усвоени на седница на Владата – изјавила за Телма, Елизабета Наумовска, заменик-министерка за образование.

Слични содржини