КАко ли ќе функционира МВР особено со оваа комбинирано управување од министри, заменици началници од  ВМРО ДПМНЕ, и СДСМ ?

павле трајанов

„Мактел направи интервју со лидерот на Демократски Сојуз и пратеник во собранието, Павле Трајанов. Тој има над 20-годишно искуство во МВР а бил и министер за внатрешни од 1998-ма до 2000-та година, кој ги објаснува разните хиерархии на функционирање во ова многу сложено и големо министерство со над 10 000 вработени, пишува порталот. Ви пренесуваме дел од интервјуто:

 

Мактел:  Господине Трајанов, за почеток едно техничко прашање, новиот директор на УБК, има само 32 години, кое е вашето мислење, дали е ова штетно за државата?

Павле Tрајанов: Младите треба да се едуцирани и школувани во некои од професионалните пријателски школи, во принцип доколку се едуцирани и поминале курсеви и во центрите за обука на пријателксте држави тоа е добра основа за да биде оперативец, а ако има 10-15 години искуство во оператива, потоа 5-6 години во аналитички служби тогаш ќе има добра основа да раководи во некоја во управите на пониско ниво.

Мактел: Епа овде го нема тоа, овој има само 8 години искуство и тоа во финансиско разузнавање а ставен е за шеф на ДБК…

Павле Tрајанов:  Епа  тоа ќе му биде хендикеп на новиот директор за да раководи добро со службата, нема добро да се снајде.

 

Мактел:  Да се инсистира за нови лица, демек неизвалкани. Тој е тој фанатизам кој владее 25 години…

Павле Tрајанов:  Тоа е една измама, сите што сега ги тргаме од функции исто така беа без било какво искуство и се учеа додека раководеа, тоа е само едно алиби за смена на искусни луѓе и поставување на почетници кои се послушници. Мислам дека треба да имаме микс на иксуство и младост, значи да се над 35, идеално над 40 години возраст, треба стабилност знаење и искуство. Во разузнувачките служби особено искуството е многу важно.

.Мактел:  А Спасовски, ќе има ли реална власт во МВР?

Павле Tрајанов:  Најмоќен човек на МВР е министерот и он ќе раководи со полицијата. И покрај сите сопки што ќе му ги прават, сепак нема да успеат да го спречат да раководи со полицијата, овластувањата му се јасно прецизирани и многу силни.

Знаете директорите раководат со службите, и тие можат да даваат насоки, но тоа мора да биде согласно законските овластувања и особено според насоките и наредбите кои ги дава министерот, така што тие нема да можат да мрднат без знаење и наредба на Спасовски. Освен ДБК која е малку тргната на страна, БЈБ ќе мора да работи според насоките и наредбите на министерот и тука нема да има мрдање.

Мактел: Кои се тие овласувања за кои зборувате?

Павле Tрајанов:  Директорите нема да може да се ослободат насилници на ДПМНЕ, нема да можат да заштитат бараби и битанги на ДПМНЕ, нема да можат МВР да ја раководат како да е МВРО.

Мактел:  Но имавме снимки од бомбите каде Јанкуловска заштитувала бараби од ДПМНЕ како министерка, Чавков сега нема да можат да го прави тоа?!

Павле Tрајанов:  Не! Тоа е всушност кривично дело! Јанкуловска за тоа треба да одговара! Сите мора да работат согласно законите. Но сега дури и да сакаат да направат такво нешто како порано, нема да можат.

Мактел:  Можно ли е да се случи МВР пак да ги праќа на технички преглед автобусите полни со симпатизери на опозицијата или пак да праќа над 100 коли на технички преглед на самиот ден на изборите како што било правено во Куманово тоа го слушнавме во бомбите, може ли хипотетички Чавков тоа да го нареди без знаење на Спасовски?

Павле Tрајанов:  Он може да го нареди тоа, но нема да се изврши. Министерот може да смени одлука на директорот на БЈБ, сигурен сум дека началниците кои ќе добијат таква наредба добро ќе размислат дали да ја извршат, нема да им биде лесно како порано. Исто така и министерот треба да извршува закони а не политики.

Мактел: Епа добро, која беше тогаш според тебе играта на Груевски да ги постави своите луѓе во БЈБ и УБК ако велиш дека нема да можат да го спасат или да му помогнат на ВМРО ДПМНЕ?

Павле Tрајанов:  Тие може да го шпионираат Спасовски и ќе му мешетарат, ќе се обидуваат на друг начин да го опструираат, ќе му ставаат сопки, ќе го успоруваат во работата, ќе му бидат како муви и комарци, ќе му брчат цело време.

Мактел:  А можат ли да му поставуваат големи сопки кои ќе го блокираат во работата?

Павле Tрајанов:  Тие можат да опструираат така што нема да собираат докази, или ќе ги влечат истрагите, ќе фаќаат кривини, значи ќе му прават т.н бел штрајк.

Мактел:  Колкава реална моќ има директорот на БЈБ, т.е она што сега е Чавков?

Павле Tрајанов:  Имаат голема моќ и двајцата директори и тој на БЈБ и тој на ДБК, и двајцата раководат со многу структури во полицијата. Но тоа е за да му помогнат на министерот а не да роварат против него. МВР е направен за да биде функционален ефективен и да може да даде резултати во својата поставена задача да ја штити земјата од реални закани.

Мактел: Зошто била креирана ваква хетерогена хиерархија во МВР, зошто имало потреба од дополнителни директори над началниците а под министерот? Зошто е таа додатна хиерархија еден вид средно ниво на оператива, која била идејата кога бил МВР така поставен?

Павле Tрајанов:  Техниката на работа е таква на МВР. Разузнавањето е надвор од МВР и тоа е јасно, а БЈБ е сложена организација од разни технички одделенија, како гранична полиција, крим техинка, специјални одреди итн итн кои бараат старешини кои ќе раководат со сето тоа и тој директорот на БЈБ треба да е стручњак за да се снајде со сето тоа.

Мактел:  Епа министерот што прави тогаш ако овој му ја врши целата работа?

Павле Tрајанов: Министерот сето тоа го насочува, надгледува, дава сугестии, кога да се активираат специјалци итн итн. Министерот може да ја насочува активнотите во одредени правци. Може да му дава наредби на директорите, он е политичка фигура и спроведува политика на владата, он и раководи со МВР но и комуницира со владата и другите власти во земјата, собрание, претседател, амбасади итн…

Мактел: Какви се ингеренциите на премиерот во однос на МВР, може ли во еден момент премиерот да ги преземе овласувањата на министерот и да го преземе раководењето со МВР?

Павле Tрајанов:  Не! Само ако го суспендира но тоа тешко може да се направи. Само ако министерот направи криминал или ако се разболи. Тоа може да биде само еден ден или два дена, за да нема празнина, на долг рок тоа не е можно.

Мактел:  Значи да повториме, се извинувам ако се повтарам, но ова и е важно на јавноста, значи не може да се случи премиерот да крене слушалка и да се јави на некој началник или шеф на специјални служби и да нареди полициска акција без знаење и одобрување на министерот Спасовски?

Павле Tрајанов:  Не, тоа во ниеден случај не може да се случи. Премиерот не може да даде таква наредба никому па ниту на министерот! Премиерот може само да агитира за закони и одлуки на влада, може да бара акција од министерот но само како сугестија но не како наредба.

целото интервју прочитајте го на Мактел

Слични содржини