Кои видови храна се најдобар извор на витамин Ц за вас?

од Elena Daskalova

Променливото време е „идеално“ за пренесување зарази од човек на човек, особено доколку самите не сме се грижеле за имунитетот и општата здравствена состојба.

Во вакви ситуации, јасно е дека витаминот Ц е клучен во борбата против настинки и вирози, но не секогаш синтетичкиот е правилно решение. Затоа, не треба целосно да се потпираме на него, туку и треба да внесуваме преку храната.

Зошто витамин Ц преку храната?

Синтетичкиот витамин Ц не се апсорбира целосно во телото и добар дел од него го исфрламе неискористен, преку урината.

Ова е листа со намирници и нивната концентрација на витамин Ц во 100 гр:

Шипинки – 2000мг
Црвена пиперка – 190мг
Магдонос – 130мг
Киви – 90 мг
Брокули – 90мг
Црна рибизла – 200мг
Зелена пиперка – 70мг
Јагоди – 70мг
Прокељ – 70мг
Диња – 75мг
Чили пиперка – 244мг
Гоџи бобинка – 73мг
Бозел – 60мг
Кељ – 123мг
Грашок – 60мг
Телешки црн дроб – 48мг
Остриги – 38мг
Ацерола – 1677мг

Слични содржини