Кој би можел најмногу да профитира од долгиот карантин?

Коронавирусот е тука и за сега не постојат многу работи кои можете да ги правите под тоа прашање, освен редовно да ги миете рацете и да останете дома.

Постојат многу фирми и сервиси кои ќе профитираат од сите нас кои сме во карантин. И тоа не мислиме само на произведувачите на маски и тоалетна хартија, пишува Брајан Берис.

Онлајн купувањето и достава

Луѓето не одат во продавница или маркет со цел да го одбегнат вирусот па нивната единствена метода за нарачување е преку интернет. Би било прекрасно кога би можеле да се користат дронови за достава, но сега за сега тоа можат да го прават само луѓе.

Онлајн доктори

Во многу држави, луѓето за симптомите кои ги чувствуваат, бараат одговор онлајн наместо да одат на клиника. Може да се случи и да платат за да закажат онлајн преглед преку Скајп.

Онлајн едукација

Страниците кои нудат курсеви и надоградба на знаењето во овој период би требало да очекуваат силен прилив на посетители. Секој би требало да си најде некакво ново хоби.

Стриминг сервиси

Мора да останете дома, со самото тоа ќе поминувате повеќе време пред екраните, па Јутјуб, Хулу, Нетфлис и останатите стриминг центри ќе добијат поголема популарност и посетеност.

Онлајн гејминг сервиси

Серверите на многу онлајн игри како World of Tanks, League of Legends, дури и Minecraft ќе станат мега популарни поради вирусот кој владее во светот.

Социјалните мрежи

Кога сите ативности во денот ви се досадни, ќе ви биде мило што имате пристап до социјалните мрежи, преку кои ќе можете да стапите во контакт со своите најмили. Најверојатно, луѓето сега ќе минуваат многу време на Фејсбук, ТикТок, Инстаграм и Твитер. Истото може да се каже и за Гугл, Месинџер и разните сервиси како Скајп.

Трговци со канцелариска опрема

Со цел да работат од дома, на луѓето ќе им бидат потребни многу работи кои ги имаат на работното место, а дома не. Тоа значи дека тефтери, принтери, рутери и слична канцелариска опрема ќе се продаваат „како луди“.

Спортска опрема

Луѓето сега своето време ќе го минуваат дома, па ќе им бидат потребни работи за вежбање и одржување на линијата. Спортската опрема ќе им биде потребна бидејќи немаат пристап до теретана, па затоа онлајн дистрибутерите очекуваат дека бизнисот ќе им процвета.

Провајдери

Се разбира, бидејќи толку многу време поминуваме во домот, сметките за струја, плин и телефон едноставно ќе експлодираат.

Слични содржини