Кој дел од телото е највалкан: Еве што не треба да допирате со рацете!

од Vladimir Zorba

Нашите раце се покриени со бактерии и вируси кои лесно се шират низ целото тело.

Овие се навики што можат да му наштетат на вашето здравје, како и на луѓето околу вас…

1. Не допирајте го лицето со рацете

Не ги допирајте очите, носот и устата со рацете. Ако некој близу вас бил во контакт со вирусот, можете лесно да го пренесете вирусот со допир. Мијте ги рацете најмалку 20 секунди неколку пати на ден. Користете сапун и вода, како и средства за дезинфекција кои содржат најмалку 70 проценти алкохол, доколку сакате да бидете сигурни дека вашите раце се чисти. Рацете содржат и природни масла кои кријат нечистотија. Тие исто така можат да ги затнат порите ако го допрете лицето.

2. Не ги допирајте очите со рацете

Очите се многу чувствителни, не само што можете да носите бактерии и вируси со рацете, туку и мали честички нечистотија што можат да предизвикаат иритација и гребнатини. Ако веќе мора да ги допрете очите, однапред добро измијте ги рацете. Ако не сте знаеле, триењето на очите исто така го забрзува формирањето на брчки и подочњаци.

3. Не допирајте го носот со рацете

Во ноздрите има здрави бактерии, а ако го туркате прстот таму, воведувате друг вид бактерии што не се добредојдени таму и може да предизвикаат инфекции. Покрај тоа, со прстите ќе ширите бактерии насекаде, што е особено опасно.

4. Не допирајте ја устата со рацете

Устата на една личност е дом на 34 до 72 различни видови на бактерии, и иако повеќето од нив се безопасни, а некои дури и добри за оралното здравје, внесувањето нови бактерии во устата може да биде опасно и секако да го наруши балансот во усната шуплина. На кратко, лепењето на прстите во устата е сигурен пат до болест, и ако веќе сте болни, тогаш треба да знаете дека вака пренесувате бактерии и вируси на остатокот од телото, но и на предмети што можат да ги допрат вашето семејство или пријатели.

5. Запомнете да ги миете рацете по одење во тоалет

Сите оние знаци кои ве советуваат да ги миете рацете после употреба на тоалетот, не се залудни. Допирањето на тој дел од телото е совршен начин за пренесување на бактерии, дури и на злогласната „Е коли“. Според директорот на лабораторијата и микробиолог Гленер Ричардсон, важно е да се запамети дека можеме да ги пренесеме и природните организми што се наоѓаат таму во очите или устата, и со тоа ќе им предизвикаме инфекции.

6. Не допирајте го папокот

Дали знаевте дека папокот е највалканиот дел од вашето тело?

„Папокот е дом на многу бактерии, и бидејќи овој дел од телото е релативно недостапен, тој останува валкан дури и по туширање“, забележува д-р. Ричардсон. Од истата причина, може да се појави мирис, особено ако сè уште го допирате папокот со валкани прсти.

7. Што се наоѓа под ноктите?

Под ноктите и рацете има неверојатна количина бактерии и нечистотии од кои не можете целосно да се ослободите дури и со добро миење. Според БиБиСи, ова е една од причините зошто лекарите и медицинските сестри носат ракавици во контакт со пациентите. Оние кои постојано ја допираат областа, несакајќи ги ослободуваат сите овие бактерии и нечистотиите што се шират на други површини, како на телото така и на домот. Доколку не сте знаеле, освен усната шуплина и ноктите откриваат многу за вашето здравје, така да одржувајте хигиена на рацете.

Антибактериски или обичен сапун – што да се користи?

Антибактериските сапуни не се поефикасни од комбинацијата на обичен сапун и вода при уништување на вируси и бактерии. Нема докази дека антибактерискиот сапун потемелно чисти од обичниот сапун.

Слични содржини