Кој е Ѓорѓија Сајкоски, новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ?

од Nikola Popovski

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски попладнево го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата.

Сајкоски, роден во Кичево, во својот роден град бил претседател на општинскиот Совет од 2009 до 2013 година, бил заменик-министер за локална самоуправа и директор на јавното претпријатие „Студенчица“. Во последниве десет години тој е претседател на општинскиот комитет на партијата во Кичево.

Тој има извршувано и повеќе партиски функции и тоа бил член на избирачки одбор номиниран од ВМРО-ДПМНЕ во сите изборни циклуси од 1998 до 2006 година. Бил претседател на Месен Комитет Девеана, во склоп на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2008 година. Исто така Сајкоски бил претседател на комисија за култура под ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2010 година.  Претседавал со Советот на Општина Кичево и бил исто така координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2013 година. Членувал во Комисија за локална самоуправа од 2010 до 2014 година. Сајкоски исто така бил и потсекретар период од 2011 до 2015 година. А, е претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево 2010 до 2020 година.

Сајкоски доаѓа на местото на Игор Јанушев, кој си замина од оваа функција наброзо по изборот на новата Влада на СДСМ, на која тој и се закануваше со „политички пекол“.

Слични содржини